Кои земји имаат најлоша храна според проценката на туристите?

Сподели со своите пријатели

Дестинации како земјите од Балканот или на пример Италија се омилени на списоците на оние кои откриваат странски земји преку вкусот и мирисот на националните кујни – исто како и Турција, Тајланд…, но што е со оние дестинации каде чиниите и чашите не се толку популарни?

Loading...

Патниците од целиот свет бараат дестинации каде ќе ги искусат најдобрите национални кујни.

Тајланд, Грција, Турција и Италија се најбарани, додека Велика Британија, Холандија и Монголија не се на списокот на посакувани.

 

 

Кога пријателите се враќаат од патување и ни кажуваат за своите гурмански искуства, тие можат лесно да не заразат да ги следиме нивните стапки и да се фрлиме во хедонистички туризам.

Во некои земји, традиционалната кујна е засенета од културни, историски и природни обележја.

Loading...

Велика Британија е познато по својата репутација на невкусна локална кујна, но Јамајка, Кенија и Финска беа критикувани и на форумите за туризам.

Финска

 

 

„Финската храна е една од најздодевните и најмалку креативните, но е здрава. За време на Финските олимписки игри во 1952 година, спроведено е истражување меѓу спортисти; тие сметале дека финската кујна е најлоша”, вели Срихарша Кучиманчи од Индија.

Холандија

 

Loading...

 

Едвин ван Давенхорст од Холандија вели:

„Бидејќи сум Холанѓанец, знам каква е невкусната храна во која нема креативност. Нашите јадења најдобро се опишуваат како хранливи и лесни за подготовка. Еден пример е стампот, зеленчук со компири варен во истото тенџере, па изматен и послужен со парче месо и сос“.

Никарагва

 

 

Loading...

„Во Никарагва, вегетаријанците јадат ориз и грав со пржени банани. Ја сакам таа комбинација и ја јадев во Костарика, но во Никарагва е скоро секогаш студена, сува и без зачини. Ананасот ме разочара. Секогаш е незрел и кисел , додека во Костарика е незамисливо сочно“, тврди Германката Амели Ландфиш.

Монголија

 

 

„Мојот глас за најлоша кујна оди во Монголија. Без зеленчук, зачини – само месо и тестенини. Казахстанската кујна е слична, но бидејќи земјата е полна со други националности, можете да јадете фини корејски, грузиски, руски или кинески јадења“, вели Стивен Херманс., кој живее во Казахстан.

Loading...

Јамајка

 

 

„Јамајка има потполно безлична храна – сè е без вкус, освен печено пилешко. За појадок, тие јадат варени банани, варен компир, варени јајца и повеќе варена храна. За ручек, тоа е зачинет ориз со грашок. Не знам како го прават тоа?! “, се прашува Брајан Колинс од Америка.

Loading...

Англија

 

 

Џеф Пеларин од Канада вели дека Англија многу се обидува да се ослободи од лошата репутација, но сепак уживаат во ужасните сендвичи со јајца од „Маркс и Спенсер“.

Loading...

„Моето најтажно искуство беше кога ги замоливме локалното население за најдоброто место со риби и чипс во Лондон. После половина час пребарување, добивме убави парчиња свежа риба… без никаков вкус”, вели тој.

Непал

 

 

„Надвор од туристички ресторани во Катманду, храната во Непал е прилично лоша. Врз основа на моето (скромно) туристичко искуство, Непалците се чини дека живеат од две работи, повеќе или помалку тестенини и дал бата. Тестенините се во ред, а дал бат е сличен Индиски ориз со леќа, освен што е повеќе воден и зачините се помалку интересни. Колку подалеку сте од градот, толку потешко ќе биде да најдете месо со зеленчук“, објаснува Аника Шауер од Америка.

Loading...

Кенија

 

 

„Кениската кујна е вкусна, но станува здодевна брзо. На секој чекор има невкусна касава, што е и очекувано бидејќи се служи како евтин извор на калории. Покрај тоа, сè се готви живо, и долго време – сè додека последната капка живот не излезе со намирниците“, вели Бен Сантхаус од Велика Британија.

Loading...

Leave a Reply