Кои се главните симптоми на делта плус сојот на коронавирусот?

Сподели со своите пријатели

Познато е дека делта сојот на коронавирусот, откриен во Индија, е повеќе заразен од другите регистрирани соеви досега, а што е со видот делта плус?

Loading...

Делта плус, како што велат, содржи мутации на два вида делта и бета и, како што може да се види, ги инфицира дури и оние кои се целосно вакцинирани, а исто така води до фатален исход.

 

 

Прашањето е кој од овие два вида е поопасен?

Додека делта сојот на коронавирус е во голема мера одговорен за поголем број инфекции поради неговата преносливост, видот делта плус е означен како вид за повеќе загриженост.

Заради споредба, се вели дека делта плус вирусот се шири речиси „60 проценти побрзо“ од делта вирусот, но сепак побавно од очекуваното.

Loading...

Додека видот на делта е сѐ уште доминантен сој, експертите сугерираат дека делта сојот, со своите изразени симптоми, може да остане долгорочна закана со која би можеле да се соочиме.

Достапни докази за преносливост и ширење се појавија од студии и геномски наоди.

 

 

Симптоми на делта и делта плус соја

Делта видот се смета за екстремен поради сериозноста на симптомите што ги предизвикува, во споредба со првобитниот сој.

Влијае на белите дробови, доведува до респираторни проблеми, но и до гастроинтестинални проблеми, дури и во благи или умерени случаи, што го разликува од претходните загрижувачки соеви.

Loading...

Видот Делта плус, за кој се вели дека ги носи карактеристиките и на видовите делта и бета, би можел да биде уште посериозен по природа.

Некои истражувања сугерираат дека вирусот лесно може да ја надмине имунолошката одбрана и да се поврзе силно со рецепторите на клетките на белите дробови.

Во тек се дополнителни студии за да се утврди листата на можни симптоми, пишува Times of India.

 

 

Иако се вели дека повеќето симптоми се слични на делта сојот, можните симптоми на загриженост се следниве:

Во раните фази ги зафаќа белите дробови

Loading...

Отежнато дишење и проблеми со дишењето

Продолжена треска и постојана кашлица

Проблеми со гастроинтестиналниот тракт

Осип на кожата и алергии

Суви или насолзени очи

Губење на апетит и гадење.

Loading...

 

 

Она што треба да се нагласи е дека невакцинираните луѓе се изложени на поголем ризик да се заразат со овие видови, а студиите го покажаа тоа.

Шансите за хоспитализација и смртност кај вакцинираните лица се драстично намалени.

Loading...