Кога крадеш автомобил, внимавај да не е на ММА борец (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Крадец кој се обиде да украде автомобил пред продавница во САД ја избра најлошата жртва за такво нешто.

Loading...

Џордан Вилијамс, ММА борец во велтер категорија, за малку ќе останеше без својот автомобил на паркингот во продавницата каде што пазарел.

Крадецот се доближил до автомобилот додека сопственикот бил внатре. Додека го враќаше во рикверц, Вилијамс излезе од продавницата, истрча кон автомобилот, ја отвори вратата и го избрка со неколку удари во коленото.

Гледајќи дека неговиот план пропаднал, крадецот побегнал.

„Денес некој се обиде да ми го украде автомобилот“, напиша Вилијамс со видеото што го сподели на Инстаграм.

Тој објасни и како крадецот успеал толку брзо да го запали автомобилот.

„Автомобилот стартува на копчето, но не можете да дадете гас ако клучевите се на повеќе од 2 метри, а јас секогаш ги носам со себе. Научив лекција, и се надевам дека и тој“, рече Вилијамс.

 

Loading...

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jordan Williams (@bomayemma)