Кога Гугл мапс ќе налета во погрешен момент (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Камерите на Google Street View снимиле австралиски пар во интимен чин покрај автопатот. Така, останаа засекогаш забележани на фотографиите достапни на интернет.

Loading...

Експлицитните слики се направени на автопатот Дјукс во близина на австралискиот град Кит, кој се наоѓа приближно на половина пат помеѓу поголемите градови Аделаида и Мелбурн, пренесува NYPost.

На снимката се гледа како австралиски пар ужива еден со друг покрај нивното сребрено БМВ.

На една фотографија, направена од возилото на Google Street View, претходно можеше да се види жена со изненаден израз на лицето. Парот, поради лошиот квалитет на сликата, не може да се идентификува и не се верува дека е уапсен поради тоа.

 

 

Според законите во Јужна Австралија, сексот на јавно место се казнува со парична казна од 1.100 австралиски долари (околу 5.600 куни) или со затвор до шест месеци.

Loading...

Овие фотографии беа објавени на Google Street View уште во 2013 година, но дури сега се откриени на Reddit.

Тие сè уште се достапни на интернет, но беа цензурирани од Google по објавувањето на бројни медиуми.