КК Куманово утревечер против Карпош Соколи во Супер купот

Сподели со своите пријатели

Утре и задутре во Спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе се играат полуфиналните натпревари во рамките на кошаркарскиот Супер куп, при што КК Куманово ќе си ги одмери силите со Карпош Соколи.

За разлика од другите клубови, ние практично, сме на почетокот на подготовките. Вчера го имавме и првиот кошаркарски тренинг. Доста доцна започнавме и се уште сме во фаза на формирање на оној играчки ростер. За разлика од дргите екипи овде, ние немаме ниту еден пријателски натпревар, но што е, тука е. Ќе дојдеме да одиграме натпревар најдобро што можеме. Карпош Соколи е силен противник, се пријавија да играат во АБА лигата, но ние ќе гледаме да ја искористиме секоја шанса. Освен тоа ова е можност да ги видиме и новите засилувања кои ги донесовме и да го измериме нивниот капацитет – изјави Марјан Србиноски, на вчерашната пресе конференција во Скопје.

Натпреварот започнува во 20:30 часот, авлезниците за овој настан се по цена од 100 денари. Претходно во 18:30 часот во истата сала ќе играат МЗТ Скопје Аеродром и Фени Индустри.