КК Куманово утре го пречекува Хапоел Нуфар од Израел

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово утре на домашен терен со почеток во 19:00 часот ќе го играат вториот натпревар од БИБЛ лигата оваа сезона при што на домашен терен ќе го пречекаат составот на Хапоел Нуфар од Израел.

Loading...

Станува збор за силен состав од израелската кошаркарска лига, кој за прв пат ќе игра воопшто во Македонија.

Кумановци и минатата година имаа можност да настапат против состав од Израел, кога тимот на Хапоел Холон имаше строги безбедносни правила, а теренот во СОУ „Перо Наков“ пред натпреварот го чешлаше и антитерористичката единица на Министерството за внатрешни работи. Големи безбедносни протоколи се очекуваат и за утрешниот меч.

Публиката ќе може да го проследи натпреварот согласно сите активни протоколи за следење настани во затворен простор, меѓу кои и задолжително поседување сертификат за вакцина.

Никола Ивановски