30.10.2017 10:45

КК Куманово го совлада составот на Струмица


Кошаркарите на Куманово на гостински терен го совладаа составот на КК Струмица во рамките на четвртото коло од домашниот шампионат со резултат 66:90.

Кумановци добро го отворија натпреварот и преку игарата на Караколев и Караџовски веќе во седмата минута имаа двоцифрена предност. Првиот приод го завршија со занчително водство, односно резултат 9:22.

До полувреме „сино-белите“ веќе го имаа зацврстено патот кон победата, откако на пауза заминаа со резултат 24:42. Единствен во тимот на Струмица кој можеше да ја поднесе играта на кумановци беше Американецот Тајнс.

Веќе 30 поени разлика во третиот период направија гостите од Куманово, па рутински си го доведоа мечот кон победа со финален резултат 66:90.

Од составот на Куманово со 16 поени брилираа Александар Штерјов и Марјан Јанески, додека поен помалку уфрли Караколев, а 14 поени на крајот имаше и репрезентативецот Димитар Караџовски.

Следниот меч сино-белите во домашниот шампионат го играат против составот на МЗТ Скопје Аеродром на домашен терен, додека во рамките на БИБЛ лигата на 7 ноември гостуваат во Тирана.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments