КК Куманово денеска против ТФТ

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово денеска на гостински терен го играат натпреварот против ТФТ во рамките на 14то коло од домашниот шампионат.

Loading...

Ова ќе биде исклучително важен натпревар за кумановци кои немаат многу простор за грешки во вториот дел од сезоната ако сакаат да бидат меѓу најдобрите шест екипи, со оглед дека првиот натпревар годинава го започнаа со пораз на домашен терен од Гостивар, а веќе имаат низа порази и во првиот дел од полусезоната.

Натпреварот започнува во 18 часот, а се игра во СРЦ „Кале“.

Никола Ивановски