Ќе се скратува полицискиот час

Сподели со своите пријатели

Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство до Владата доставиле предлог мерки за намалување на рестрикциите за движење, односно полицискиот час да започнува подоцна.

Loading...

Се предлага полицискиот час да започнува секој ден во 19 часот, наместо во 16 како досега.

– Ќе се добијат дополнителни часови граѓаните да ги завршат обврските, за возрасните граѓани да продолжи времето на движење наместо од 10 до 12, сега од 8 наутро до 12 часот напладне, продолжување на период за младите до 18 години да се продолжи и да биде од 13 до 16 часот, изјави министерот за здравство Венко Филипче.

Ќе се менува и полицискиот час за викендот, наместо да започнува во петок во 16 часот, истиот ќе започнува во сабота од 13 часот.

– Предлог е полицискиот час за викендот да остане со скратено време и да почне во сабота во 13 часот и да заврши во понеделник до 5 часот наутро. Останува забраната за групирање на граѓани и мерки за физичка дистанца и користење на јавни површини и паркови, изјави министерот.

Сепак значително ќе се зголемат обврските на граѓаните за носење лична заштитна опрема.

Никола Ивановски

Leave a Reply