Ќе дојде ли конечно летото?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Попладне времето ќе биде променливо облачно со локален дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб, а долж Повардарието и во западните подрачја умерен ветер од северозападен и западен правец.

Во Куманово и околината ќе имаме сончево до умерено облачно време, со услови за слаби грмежи и врнежи во попладневните часови. Максималната дневна температура ќе изнесува 22 степени.

 

Loading...

 

Утре ќе биде потопло, попладне ќе има локален дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, особено долж Повардарието. Од недела ќе биде посончево и топло, но во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи, главно во планинските подрачја.

Leave a Reply