Киропрактичарот открива: Овие пози за спиење се опасни по здравјето (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Киропрактичатрот и експерт за спиење Др. Ентони Вучкович споделува совети од професијата на профилот на ТикТок, а во серија од неколку објави откри кои пози за спиење се најштетни за здравјето. Ако спиете на стомак, целата компресија е во долниот дел на грбот, па Ентони вели дека може да дојде до искривување на ‘рбетот.

Loading...

 

 

Ако, пак, спиете на страна, често може да се разбудите вкочанети и со болки во рамената и вкочанети раце. Затоа никогаш не треба да се потпирате директно на страната на вашето рамо. Исто така, носот, брадата и градната коска треба да бидат порамнети додека спиете на ваша страна – така вашиот ‘рбет ќе биде неутрален. Покрај тоа, можете да поставите една перница помеѓу колената за да ги одржувате колковите, карлицата и ‘рбетот подредени.

 

 

Loading...

Ентони вели дека спиењето на грб не е толку штетно, но повторно, треба да се внимава. Иако тежината е рамномерно распоредена, една перница треба да се стави под коленото за да се намали притисокот врз долниот дел на грбот. Исто така, рацете никогаш не треба да ви одат преку глава, пренесува The Sun.

 

@victorychiropractic

CHECK OUT OUR PINNED VIDEOS FOR MORE SLEEPING TIPS! 💯 #fyp #chiropractor #sleep #backpain #tips

♬ original sound – Dr. Anthony Vuckovich – Dr. Anthony Vuckovich