Кинезите изгубија контакт со огромна ракета, се заканува да се урне во населено место (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кинеската ракета „Долг марш 5Б“, тешка 21 тон, лансирана минатиот четврток, паѓа неконтролирано и треба да се сруши на површината на Земјата во наредните денови.

Loading...

Експертите предупредуваат дека може да падне и врз населената област.

Астрономот Џонатан Мекдауел за SpaceNews изјави дека траекторијата на ракетата на која може да се сруши опфаќа област што се протега северно од Њујорк, преку Мадрид, Пекинг и сè до јужниот дел на Чиле и Велингтон на Нов Зеланд.

Иако поголемиот дел од ракетата од 30 метри ќе изгори кога ќе влезе во атмосферата, нејзините остатоци може да паднат на наведената траекторија, каде што има многу населена област.

Ракетата во моментов патува со брзина од околу шест километри во секунда, пишува Дејли Меил.

Кинезите веќе имаа потешкотии со наведениот ракетен модел за време на контролирано паѓање на Земјата.

 

Loading...

 

Во мај 2020 година, ракета падна неконтролирано во морето во близина на Мавританија во Африка, а нејзините остатоци летаа над Лос Анџелес и Њујорк.

Да потсетиме, Кина во четвртокот лансираше модул без екипаж, првиот од трите елементи на идната вселенска станица што планира да ја заврши до крајот на 2022 година, за што ќе бидат потребни десетина мисии.

Модулот наречен „Тијанхе“ (Небесна хармонија) беше лансиран од најголемата кинеска ракета „Долг марш 5Б“ од центарот за лансирање на вселената Венчанг на тропскиот остров Хаинан.

Тијанхе е една од трите главни компоненти на првата вселенска станица развиена исклучиво од кинески експерти, за разлика од единствената постоечка втора единица од ваков вид – Меѓународната вселенска станица (ISS).

 

https://youtu.be/rZQfPINdd2U

Leave a Reply