Кинез ја прекинал изолацијата, па 5.000 луѓе морале во карантин

Сподели со своите пријатели

Ковид пациент од Пекинг, е под кривична истрага откако ја избегнал задолжителната куќна изолација, поради што 5.000 негови соседи морале да бидат ставени во карантин.

Loading...

Официјалните лица рекле дека на мажот, во рани четириесетти години, му било наложено да се изолира дома, откако на 23 мај влегол во трговскиот центар, каде што постоела опасност од инфекција, објави „Гардијан“.

 

Двајца цивили загинати, петмина ранети во Северодонецк, градот без вода, струја и гас

 

Тие изјавија дека за време на периодот на изолација, тој „излегол многу пати, шетал низ заедницата, ризикувајќи да се шири епидемијата“, пред неговата сопруга и тој да бидат позитивни пет дена подоцна.

Како одговор, властите наредија 258 луѓе кои живеат во неговата зграда да одат во владиниот карантински центар, а уште 5.000 луѓе кои живеат во неговата населба сега мора да останат дома.

Без оглед на овој случај, улиците во Пекинг, според Ројтес, денеска биле попрометни, бидејќи на жителите на двете населени места им било дозволено да се вратат на работа, додека жителите на Шангај се чекор поблиску до укинување на двомесечниот карантин за ковид, почнувајќи од среда, бидејќи бројот на заболени е намален.

Loading...

 

Победниците на Евровизија го продадоа пехарот

 

Во Пекинг се отворени библиотеки, музеи, кина и спортски сали, со ограничен број луѓе, во области каде што седум дена по ред не се пријавени случаи на ковид.

Шангај планира конечно да го укине двомесечното затворање, но според Ројтерс, сè уште постои конфузија околу тоа како ќе изгледа тоа.

На компаниите им било кажано дека можат да продолжат со работа, но на повеќето жители сѐ уште не им е кажано дека можат да ги напуштат населбите.

 

„Вжарено сонце“: Русија го користи најновиот повеќекратен ракетен систем (ВИДЕО)

Loading...

 

Најголемиот дел од јавниот сообраќај сѐ уште е во прекин, а приватните возила не смеат да се движат по улиците без посебна дозвола.