Двајца цивили загинати, петмина ранети во Северодонецк, градот без вода, струја и гас

Сподели со своите пријатели

Двајца цивили загинаа, а петмина се ранети во гранатирањето на Северодонецк, во чии периферни делови влегоа руски војници, изјави регионалниот гувернер на Луганск, Серхи Хајдаи.

Loading...

Најмногу загинале жителите на еден блок во стариот дел на градот, напиша Хајдај на Телеграм, додавајќи дека подготвувале храна во дворот кога ненадејно почнало гранатирањето.

 

Силна експлозија во центарот на Мелитопол, на југот на Украина

 

Ројтерс го цитираше Хајдаи дека „жестоки борби се водат во Северодонецк и Лисичанск“, опишувајќи ја ситуацијата како многу тешка.

„Непријателот го распореди сето можно оружје, вклучително и авијацијата. Сепак, нашата армија е цврста да не дозволи непријателот да влезе подлабоко во нашата земја“, изјави Хајдај.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Јапонија лани регистрирани рекордни 123.000 случаи на злоупотреба на деца

 

Loading...

Зеленски го смени шефот на службата за безбедност во Харков: Мислеше само на себе

 

Соседниот град Лисичанск останува под украинска контрола, а од градот се врши евакуација, додаде тој.

Тој посочи дека е уништена важната инфраструктура во Северодонецк, а во градот нема гас, вода и струја. Тој исто така рече дека единствената комуникациска линија што ја имаат украинските власти во моментов е со хуманитарниот центар во Северодонецк и болницата, преку Старлинк (интернетот на Илон Маск), пренесе Би-би-си.

Хајдај рече и дека „милион луѓе низ регионот на Луганск немаат вода“.

 

Започна извозот на жито од украинската област Херсон во Русија

 

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин: Русија не планира инвазија на Европа, тоа е целосна глупост

Тој изјави и дека во Северодоњецк сега е топло, а смрдеата на трупови се чувствува на периферните делови, бидејќи Русите не ги земаат телата на убиените.

Тој додаде дека е опасно да се користи патот Лисичанск-Бахмут.