Кинески сад од порцелан продаден за 4,1 милиони евра

Сподели со своите пријатели

Порцелански сад кој припаѓа на кинескиот цар Чанлонг (1736 – 1795) продаден е за 4,1 милиони евра на аукција во францускиот дворец Аринија, пренесува агенцијата Франс прес.

Купувач е Французин, но неговиот идентитет не е соопштен, изјавил главниот организатор на аукцијата Филип Рујак.

Садот чија почетна цена била 500.000 евра има печат од кинескиот цар и продадена е за десетина минути.

Предметот исто така има будистички симобили, како и стилизирани листови од лотосов цвет.

Постои уште еден таков сад кој е продаден во 2016. година на аукција во Хонгконг за 1,8 милиони евра.

Leave a Reply