Кинеската вселенска станица паѓа: Какви се шансите да погоди некого? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кинеската вселенска станица „Тијангонг 1“ која не работи, а по извештаите е и неконтролирана, би требало следниот викенд да влезе во атмосферата на Земјата и да падне.

Трамп планира да ја продаде Меѓународната вселенска станица

Loading...

Иако вселенските агенции не знаат кога и каде ќе паднат остатоците од оваа станица, тоа е занемарлива опасност за луѓето и имотот затоа што се очекува најголемиот дел да изгори при влегувањето во атмосферата.

Тројца нови космонаути одлетаа на Меѓународната вселенска станица (фото)

Агенциите даваат различни проценки за времето на падот. Западните агенции тврдат дека Кинезите немаат контрола над станицата, додека Кина наведува дека тоа не е точно. Единствено Русија, Канада и северот на Европа се сметаат како места на кои остатоците од станицата сигурно нема да паднат.

На Меѓународната вселенска станица откриена бактерија која не е од Земјата?

Се верува дека само околу 10 отсто од станицата ќе „преживеат“ распад во атмосферата. Шансите деловите да погодат некого на Земајта се проценуваат на помалку од еден во милијарда.

Дали е ова доказ дека Меѓународната вселенска станица не постои? (видео)

Вселенскиот отпад е цврст во атмосферата, но познат е само еден случај дека некој со такво нешто е погоден. Една Американка минала без повреди кога во 1997. година ја погодил дел од американска ракета.

МЕЃУНАРОДНА ВСЕЛЕНСКА ЛАГА: Дали е ова доказот дека снимките се лажираат? (видео)

Меѓу најпознатите случаи е падот на американската вселенска стаинца Скајлаб од 1979. година чии остатоци се лоцирани во близина на австралискиот град Перт. Перт потоа парично ги казни САД со 400 долари поради фрлање отпад.

Астронаут на НАСА од вселената се врати со различни гени

„Тијангонг 1“ беше првата кинеска вселенска станица, лансирана во 2011. година како експериментална за поголеми проекти.

Leave a Reply