КИНА ЗЕМЈА НА МИЛИЈАРДЕРИ: Како 2020та стана година на брзо богатење?

Сподели со своите пријатели

Секој втор нов милијардер, кој станал во 2020 година, доаѓа од Кина, а Кина стана вистинска земја на милијардери, бидејќи ги има најмногу, дури 1.058, додека во второпласираната САД живеат 696 луѓе чиј имот е повеќе од милијарда долари.

Loading...

Од 610 луѓе во светот кои станаle милијардери во американски долари во 2020 година, 318 се од Кина, додека 95 се од САД, според Хурун глобал рич лист, проценка на куќата што се занимава со списоците на најбогатите во Кина.

„Во Кина се појавија повеќе милијардери во текот на 2020 година отколку во остатокот од светот заедно, така што Кина е далеку зад САД според бројот на милијардери“, се наведува во извештајот, пренесува РТ.

 

 

Не само што има најмногу милијардери, туку и Кина има градови во кои живеат најмногу милијардери. Меѓу 10-те градови со најмногу милијардери во светот, шест се во Кина.

Предводник на листата е Пекинг, со 145 милијардери. Вториот е Шангај, а третиот е Њујорк. Шенжен е на четвртото место, додека Хонг Конг е на петтото место.

Loading...

„Светот никогаш нема видено толку многу богатство создадено за само една година, далеку повеќе отколку што се очекуваше за една година што беше сериозно нарушена од пандемијата на коронавирусот. Осум нови милијардери беа создавани секоја недела“, рече Руперт Хугеверф, главен истражувач и претседател на извештајот Хурун.

Најбогатите луѓе во светот станаа колективно уште побогати во 2020 година, додека останатите доживеаа тешка економска криза предизвикана од пандемијата.

 

 

Според ова истражување, колективното богатство на најбогатите луѓе во светот пораснало за 32 проценти, на 14,7 трилиони долари.

Во моментов има вкупно 3.228 познати милијардери во 2.402 компании и 68 земји во светот.

Областите во кои се појавија најмногу милијардери во текот на 2020 година се здравството и трговијата на мало. Исто така, победници се производители на електрични возила и оние кои се занимаваат со е-трговија.

Loading...

„Брзината на создавање богатство е зачудувачка. Три лица заработиле повеќе од 50 милијарди долари за само една година. Нив ги предводи Илон Маск, кој го зголеми своето богатство за 151 милијарда долари во 2020 година благодарение на електричните возила. Тука е и Џеф Безос, доскорешниот прв човек на „Амазон“, кој заработи 50 милијарди, колку што е Колин Хуанг, шефот на кинеската „Пиндуоду“, дигитална платформа што ги поврзува земјоделците, дистрибутерите и клиентите. Ако продолжи оваа стапка на раст, очекуваме дека во следните пет години ќе има повеќе од 50 луѓе во светот кои ќе имаат богатство од над 100 милијарди долари“, се наведува во извештајот.

Leave a Reply