Голем систем кампови во кои наводно има повеќе од милиони Ујгури, кинеско малцинство од исламска вероисповед во покраината Ксинџијанг, прв пат е снимен од екипа на ВВС.
Кинескиот режим инсистира на тоа дека не се работи за затвори, туку за училишта, и тоа за реедукација на екстремисти.
– Тие се зафатени од религиозен екстремизам. Наша цел е да се решат од нивните екстремистички мисли, се наведува.
Стравични злосторства во Кина поради недостаток на жени и деца
Меѓутоа, што повеќе прашања поставуваат репортерите на ВВС, толку повеќе докази се обидуваат самите да пронајдат за тоа што навистина се случува во овие кампови.
– Додека стотици илјади муслимани исчезнуваат во огромни установи, Кина започна внатре да води избрани новинари. Ова е она што сака светот да го види,што го нуди како доказ дека тоа не се затвореници, туку ученици кои со нивна согласност се одалечуваат од екстремизмот, вели репортерот со снимка од момче и девојка кои координирано играат некој вид народен танц.
КИНА: За три секунди системот ќе идентификува секого од 1,4 милијарди жители
– Дали сте биле осудени поради злочин, прашува репортерот Џон Садворт една девојка.
Вели дека не починила злочин, туку направила само грешка.
– Колку често можеш да се молиш тука, прашува репортерот момче кое одговара дека кинеските закони ги дефинираат училиштата како јавни места, а на јавни места религиозните активности не се дозволени.
Едно момче договара дека тоа што е таму е негов избор. Вели дека имал слаба свест за законот.
Кина го забрани овој интернет пребарувач и покрај претходната цензура
– Бев под влијание на екстремизмот и тероризмот. Полицаец во моето училиште ми рече да се запишам во училиштето и да ги трансформирам своите мисли, објаснува момчето.
Репортерот наведува дека цело време во позадина режимските претставници го надгледуваат секое интервју.
Зошто за Џон Оливер не можете да зборувате во Кина?
А еве и како се трансформираат мислите.
Долг час по учење кинески јазик напамет, учење на се построги кинески рестрикции на религијата и замена на вера и културен идентитет со поинаква лојалност.
– Ја сакам Комунистичката партија на Кина, пишува еден „ученик“ на компјутерот со илустрирано црвено знаме.
Но, „учениците“ претежно се возрасни луѓе кои мораат да носат униформи и по наставата да спијат по десетмина во соба со заеднички тоалет. Немаат претстава колку месеци или години ќе останат во кампот.
Полицијата во Кина носи очила за препознавање криминалци (ФОТО)
– Зарем место каде луѓето мора да дојдат, следат правила, останат додека не им дозволите да заминат, не звучи како затвор? Дури и ако тоа е затвор во кој можеет да сликате, наведува репортерот.
Водичот од Центарот за образование и обука во окрухот Хотан Махемути прашува зарем постои затвор во кој можете да сликате.
– Нашето место навистина е центар за обука. Сликањето е само дел од тоа. Тоа е нивниот избор. Првин учат мандарински, закони и вештини. Така дипломирате, вели тој.
Кина за две години изгаснала над 13.000 сајтови
Како што наведува репортерот, во последните неколку години голема мрежа установи со висока безбедност се изградени ширум кинескиот западен регион Ксинџанг, а опкружени се со големи ѕидови, бодликави жици и кули за набљудување.
Ракима Сенби која сега живее во Казахстан, била повеќе од година дена во кампто затоа што на мобилниот телефон ја имала апликацијата WhatsApp. Дури при крајот на својата „реедукација“ била во кампот како оној во кој била екипата на ВВС. Претходно била во многу построги кампови.
Милиони магариња годишно се убиваат во Кина поради лек од традиционалната медицина
– Ми ставија окови на нозете недела дена. Некогаш не тепаа. Еднаш ме удираа со електрична палка, раскажала таа.
Фото: Printscreen/Youtube/BBC News