Кина за две години изгаснала над 13.000 сајтови

Сподели со своите пријатели

Од почетокот на 2015 година, Кина изгаснала 13.000 интернет сајтови под обвинение дека ги прекршиле законите и другите владини правила, соопшти кинеската агенција Синхуа.

Покрај 13.000 интернет сајтови, деактивирани се и 10 милиони кориснички профили, а иако не се наведува на кои сајтови се наоѓаат изгасените профили, агенцијата Ројтерс проценува дека поголемиот дел од изгаснатите профили се на социјалните мрежи.

Во истиот, двегодишен период, повеќе од 2.200 сопственици на веб сајтови биле повикани на разговори, рекол кинескиот службеник Ванг Шенгџун.

Анкетата укажива на тоа дека повеќе од 90 отсто од Кинезите ја поддржуваат владината регулација на интернетот, а скоро две третини од нив сметаат дека дошло до значително смирување на штетната содржина на интернет.