Стравични злосторства во Кина поради недостаток на жени и деца

Сподели со своите пријатели

Бурманските и кинеските власти мижат пред трговијата со жени од народите Качин во Мјанмар, кои се водат преку граница, се продаваат на мажите во Кина и непрестано се силуваат се додека не останат бремени, пишува Гардијан.

Loading...

На некои жени им е дозволено да се вратат дома откако ќеродат бебиња, но приморани се да ги остават децата, според извештаите на HRW.

– Родив, а по година дена Кинез ми даде избор. Добив дозвола да одам дома, но без бебето, раскажува една од жените кои биле продадени.

Во Кина бројот на жени драстично опаднал од 1987 година, а истражувачите наведуваат дека факторите како абортусот во зависност од полот на дететото, инфантицидите и занемарувањата на новороденчиња значат дека во Кина има 30 до 40 милиони „изчеснати жени“ кои денес би требало да бидат живи, а не се.

Тоа значи дека денес има многу мажи кои не можат да си пронајдат сопруги, па ги купуваат од околните, сиромашни земји.

Качин жените претежно од Мјанмар ги шверцуваат нивните семејства и родинините, пријателите и други луѓе  на кои тие им веруваат. Често им се нуди работа во Кина, а дури кога ќе ја преминат границата сфаќаат дека се продадени во сексуално ропство.

– Мене тетката ме убеди, рекла една жена која е продадена кога имала 17 години.

HRW во периодот од три години разговарале со околу 40 жртви кои успеале да избегаат или им било дозволено да заминат без своите деца.

Loading...

Владата на Мјанмар во 2017 година забележала 226 вакви случаи, но експертите сметаат дека тој број е далеку поголем.

Жените со кои се тргува во Кина не само што не ја добиваат поддршката како жртвите, туку одат во затвор поради кршење на имиграциските закони.

Во извештајот на HRW се наведува дека мјанмарските власти во неколку наврати ги уапсиле само оние кои продавале жени, а дека полицијат аво Кина никогаш не привела никој од оние кои купувале „невести“ и ги злоставувале.

Leave a Reply