Кина ги забрани операциите со криптовалути

Сподели со своите пријатели

Кинеската асоцијација за онлајн финансии, Кинеската асоцијација на банки (ЦБА) и Здружението за плаќање и клиринг забранија давање услуги поврзани со криптовалути, објави порталот Ентерпрејунер.

Loading...

Покрај тоа, забраната се однесува на работа со компании кои работат во областа на крипто-валути.

„Во последно време цените на крипто-валутите скокнаа, па нагло паднаа. Шпекулативното тргување со криптовалути исто така се зголеми, што сериозно ја нарушува безбедноста на имотот на луѓето и го нарушува нормалниот економски и финансиски поредок“, се вели во заедничкото соопштение на тие организации.

 

 

Овој потег, додаде тој, следи по повеќекратните обиди на Кина да ги регулира активностите на пазарот на дигитални валути.

Кина во октомври објави предлог-закон за забрана за т.н. рударство на криптовалути, а подоцна заплени значителна количина на криптовалути.

Loading...

На кинеските банки и на компаниите за плаќање преку интернет им е наредено да ги прекинат сите активности како што се отворање сметка, регистрација на нови корисници, трговија и осигурување.

Во споредба со претходната забрана донесена во 2017 година, новите правила го проширија опсегот на забранети услуги и оценија дека „виртуелните валути не се поддржани со никаква реална вредност“, пренесува Klix.ba.

Новата забрана, објавена од Националната банка на Кина (PBOC), исто така вклучува услуги што претходно не беа споменати.

 

 

Како што е објаснето, јасно е наведено дека институциите не смеат да прифаќаат криптовалути или да ги користат како платежно средство.

Исто така, институциите не можат да обезбедуваат услуги за размена на криптовалути со кинеската валута јуан, како и со други странски валути.

Loading...

Покрај тоа, на институциите им е забрането да обезбедуваат услуги за заштеда и да издаваат финансиски производи поврзани со крипто валута.

Банките и компаниите кои нудат платежни услуги се исто така се повикани да го зајакнат мониторингот на готовинскиот тек вклучен во трговијата со крипто-валути и поблиску да се координираат во идентификувањето на ваквите ризици.

Европската инвестициска банка неодамна објави дека ќе започне да ја користи својата криптовалута Ethereum, која ќе биде достапна во обврзници во вредност од 100 милиони евра.

Leave a Reply