Ким Џонг Ун ја однесе својата ќерка во обиколка на војската (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун ги обиколи војниците по повод 75-годишнината од основањето на севернокорејската војска, придружуван од неговата ќерка Ким Јо Ае.

Loading...

Во таа прилика тој нагласи дека неговата армија „е сила на која не може да се одолее“, соопшти денеска севернокорејската државна агенција КЦНА.

 

 

Неговата ќерка Ким Јо Ае по четврти пат се појави во јавноста покрај нејзиниот татко и мајка Ри Сол Јо, што ги подгреа шпекулациите дека таа е можен наследник на Ким Џонг Ун, пренесува АП.

Севернокорејските државни медиуми често ја нарекуваат Ким Ју Ае како „почитувана“ и „сакана“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД: Полицијата апси, универзитите суспендираат студенти, но продолжуваат протестите (ВИДЕО)

 

Loading...

 

Според аналитичарите, одлуката на Ким Џонг Ун да ја одведе својата ќерка на настани поврзани со севернокорејската војска испраќа сигнал до светот дека нуклеарното оружје е најсилната гаранција за континуираното владеење на династијата Ким.

Воената посета доаѓа бидејќи има навестувања дека Северна Кореја се подготвува за голема воена парада во Пјонгјанг.

 

 

Се очекува на оваа парада Северна Кореја да ги прикаже своите најнови воени достигнувања и напредок во развојот на нуклеарно оружје, што ги загрижува земјите од регионот и САД.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања во Северна Кореја можете да ги прочитате ТУКА.