Килограм од овие колбаси чини 700 долари (видео)

Сподели со своите пријатели

Господин Тарнер со своите синови ги направил најскапите колбаси на светот во чест на британската недела на колбаси која се одржала кон крајот на минатата година.

Овие специјални колбаси содржат месо од мангулица, една од најретките свињи која дава најквалитетно месо и тартуфи, најскапите, но и најретки печурки во светот.

Овој колбас ќе чини 37 долари по парче или околу 700 долари по килограм, а посетителите на саемот ќе можат да ја дегустираат во мали количини.

Тарнер месото од кое е направен овој колбас го доставувал до членовите на кралското семејство, кога ги прославувале сите поважни семејни случувања.