Киев: Германските тенкови се силна поддршка за Украина

Сподели со своите пријатели

Шефот на администрацијата на украинскиот претседател Андриј Јермак оцени дека намерата на Германија да ѝ испорача тенкови Леопард 2 на Украина претставува силна поддршка од таа земја.

Loading...

„Неколку стотици тенкови за нашите тенковски посади – најдобрите тенковски екипажи во светот. Ова ќе стане вистинска тупаница на демократијата против автократијата од мочуриштето“, напиша Јермак на Телеграм веднаш откако германскиот неделник „Шпигел“ објави дека Берлин ќе го одобри испраќање на тенкови Леопард 2“ во Украина.

Според „Шпигел“, германскиот канцелар Олаф Шолц одлучил да испрати тенкови „Леопард 2“ во Украина и да им дозволи на другите земји како Полска да го сторат тоа.

Германскиот неделник наведува дека постои можност САД да испорачаат тенкови Абрамс.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.