Шпигел: Шолц одлучи да испрати тенкови Леопард 2 во Украина

Сподели со своите пријатели

Германскиот канцелар Олаф Шолц одлучи да испрати напредни тенкови „Леопард 2“ во Украина и да им дозволи на другите земји како Полска да го сторат истото, пишува германскиот весник „Шпигел“.

Loading...

Портпаролот на владата во Берлин одби да ги коментира наводите на весникот, а Министерството за одбрана не беше достапно за коментар, пренесува Ројтерс.

Одлуката се однесува на најмалку една чета тенкови Леопард 2 А6, кои ќе бидат обезбедени од залихите на Бундесверот, пишува Шпигел.

Другите западни сојузници, како што се скандинавските земји, имаат намера да ги испорачаат своите тенкови „Леопард“ од германско производство во Киев.

Прашањето за испорака на тенкови „Леопард“ во Украина предизвика поделби во претходниот период меѓу западните сојузници, членки на Контакт групата за одбрана на Украина.

На минатонеделниот состанок на Контакт групата во американската воздухопловна база Рамштајн во Германија, каде што се собраа министрите за одбрана и началниците на генералштабовите на армиите на членките на НАТО и земјите партнери, главната пречка за испораката на тие тенкови беше ставот на Берлин.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.