Карипски острови ги затвораат училиштата пред тропската бура

Сподели со своите пријатели

Карипските острови Света Лусија и Мартиник утре ќе ги затворат училиштата и градинките, пред една од првите тропски бури во сезоната.

Loading...

„По 21 ден од сезоната на урагани, над Атлантикот се појави невообичаено ран тропски систем, како тропската бура Брет“, рече премиерот на Света Лусија, Филип Пјер, според Ројтерс.

Тој додаде дека утре ќе бидат затворени сите училишта и градинки, а деловните субјекти и владините канцеларии ќе работат до 13 часот по локално време.

Два аеродроми на островот ќе бидат затворени од 10:30 часот.

Во соседна Мартиник, која е француска територија, властите најавија и затворање на училиштата и градинките, како и на сите јавни настани на отворено, но бизнисите може да останат отворени.

Американскиот Национален центар за урагани (NHC) ги стави под предупредување за тропска бура и двата острови на источниот дел на Карибите, а под надзор на островите Барбадос, Доминика и Сент Винсент и Гренадини.

„Се предвидува Брет да се приближи до Малите Антили до четврток, а потоа да се пресели над тие острови доцна во четврток како силна тропска бура“, соопшти NHC.

Се додава дека невремето со себе носи постојани ветрови со максимална брзина од 100 километри на час.

Loading...

Ризиците вклучуваат поплави од обилни дождови, силни ветрови и опасни бранови долж брегот, предупреди NHC, истакнувајќи дека е премногу рано да се прецизираат точните локации и големината на потенцијалните опасности, пренесува Танјуг.