Караванот „Купи куќа за млади“ утре во Куманово

Сподели со своите пријатели

Караванот „Купи куќа, купи стан“ или „Купи куќа за млади“ утре во 17 часот ќе биде презентиран пред граѓаните на Куманово, во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“.

Освен во Куманово во исто време презентација на проектот ќе има и во Кратово и Крива Паланка во општинските сали, а следната недела караванот ќе ги посети Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Струмица, Радовиш, Тетово, Гостивар, Кичево, Берово и Дебар.