Кандидатите за градоначалник на Куманово потпишаа Кодекс за фер избори (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Кодекс за фер и демократски избори денеска поштишаа петмината кандидати за градоначалник на Општина Куманово на претстојните локални избори.

Loading...

 

 

Со кодексот сите тие се обврзуваат дека ќе водат фер изборна кампања и ќе ги почитуваат принципите на демократијата.

– Развојот на демократијата зависи од однесувањето на сите нас, а поставувањето на темелите на истата е законска обврска на вас, присутните кандидати за градоначалници и директни учесници во изборниот процес. За развојот на демократијата ни се потребни фер и демократски избори, како и почитување на принципите на демократијата, изјави Бранкица Димковиќ, претседател на Општинска изборна комисија Куманово.

 

Loading...

 

Како што рече таа, сите учесници во изборниот процес со своите постапки и активности придонесуваат за развојот на демократијата и придонесуваат во градење на довербата на изборниот систем во Република Македонија.

– Законска обврска на секој од учесниците во изборниот процес, односно присутни кандидати за градоначалник на Општина Куманово е да го почитува кодексот за фер и демократски избори, додаде Димковиќ.

 

 

На кодексот свој потпис ставија независниот кандидат Максим Димитриевски, кандидатот на СДСМ Оливер Илиевски, на ВМРО-ДПМНЕ Тони Михајловски, на ЛДП и ДОМ Теодора Димитровска и кандидатот на Алијанса за Албанците и Алтернатива Беким Салиу.

 

Loading...

 

Изборната кампања за годинешните локални избори започнува во понеделник.

 

 

 

 

Loading...

Никола Ивановски