Канада: Околу 30.000 луѓе ги напуштија своите домови поради шумски пожари

Сподели со своите пријатели

Шумските пожари што се шират низ западна Канада поттикнаа нови евакуации во неделата, бидејќи властите регистрираа повеќе од 100 активни пожари.

Loading...

Приближно 30.000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови во провинцијата Алберта, каде што повеќе од дваесет пожари се уште не се ставени под контрола.

Нарекувајќи ја ситуацијата „невидена“, премиерот на Алберта, Даниел Смит, прогласи вонредна состојба во саботата.

Провинцијата Алберта, еден од најголемите региони за производство на нафта во светот, „доживее жешка и сува пролет и потребни се само неколку искри за да се запалат навистина застрашувачки шумски пожари“, рече таа, пренесува Франс 24.

Кристи Такер, портпаролка на агенцијата за шумски пожари во Алберта, рече дека „слабите расфрлани дождови во јужниот дел на провинцијата“ во неделата им овозможиле на пожарникарите да стигнат до областите кои претходно биле недостапни поради „екстремните услови за пожар“.

Условите на северот на покраината сè уште се многу тешки, додаде таа.

– Наши приоритети беа и секогаш се шумските пожари кои ги загрозуваат заедниците или човечките животи – рече Такер.