Кампањата „На секое дете му треба семејство“ во четврток во Куманово

Сподели со своите пријатели

Кампањата „На секое дете му треба семејство“ која има за цел да се зголеми бројот на згрижувачки семејства во Македонија во четврток ќе биде реализирана во Куманово со почеток во 11 часот пред платото на Центарот за култура „Трајко Покопиев“.

– Со оваа кампања сакаме да помогнеме да се мобилизира доволен број згрижувачки семејства кои имаат љубов за давање, за децата кои се во моментот сместени во големи институции и да им обезбедиме создавање широка мрежа семејства што се подготвени да ги отворат своите срца и домови за децата на кои може да им треба згрижување во иднина, стои во соопштението од Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Куманово.

Министерството за труд и социјална политика, канцеларијата на УНИЦЕФ и СОС Детско Село Македонија кампањата ја отпочнаа на 1ви месецов и истата има за цел да ги поттикне граѓаните да станат згрижувачи на деца без родителска грижа и да им овозможат да растат во безбедно и грижливо семејно опкружување исполнето со љубов.

Leave a Reply