Какво време носи стартот на новата работна недела?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Попладне и кон крајот на денот ќе има повремени локални врнежи од дожд, наместа ќе бидат проследени со ретки грмежи.

Минималната температура ќе се дивижи од 5 од 13, а максималната дневна ќе биде во интервал од 22 до 29 степени.

Во текот на оваа работна недела времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.

Повеќе врнежи ќе има денеска кон крајот на денот и утре, кога на места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен втер.

Leave a Reply