Какво време носи оваа работна недела?

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта и изутринава времето беше облачно со слаб до умерен северен ветер. Во Тетово, Маврово и Крушево има појава на магла.

Loading...

Претпладне променливо облачно. Во текот на денот облачноста ќе се намалува и ќе преовладува сончево со умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9 степени.

Во Куманово и околината ќе имаме претежно ниска облачност со услови и за сончеви периоди. Максималната дневна температура ќе изнесува 3 степени, а во текот на ноќта се спушти до -6.

Сувото време продолжува и во текот на оваа недела, кога најтопло ќе биде во среда со 7, а најстудено денеска и утре со 3 степени над нулата.

Извор: AccuWeather

Leave a Reply