Какво време нè очекува за претстојниот викенд?

Сподели со своите пријатели

Со претежно ведро небо ќе започне саботното утро, нодносно самиот викенд, но попладне и навечер се очекува значително наоблачување, кое сепак нема да донесе врнежи, пишува проталот МетеоПро.

Во недела пак ќе биде претежно облачно, а попладне истата ќе се намалува и не очекуваат подолги сончеви периоди.

Утринските температури ќе бидат релативно пониски во сабота, кога введрото и тивкото утро ќе услови пад на истите во дијапазон од -4 до 0 степени целзиусови. Максималната дневна во сабота од 10 до 13 степени.

Што се однесува до утринските температури во недела ќе бидат слични како во сабота, но за 2 степени повисоки. Утрото ќе биде потопло благодарение на облачноста која се очекува во текот на ноќта.