Какво ќе биде времето оваа недела?

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во првата половина од денот ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Попладне, како што додаваат синоптичарите, облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде помеѓу 11 и 21, а максималната ќе достигне од 26 до 35 степени.

Во почетокот на оваа седмица времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи.

Потоа до петок ќе преовладува стабилно и многу топло време.

Image by Gianni Crestani from Pixabay

Leave a Reply