Каква е излезноста до 10 часот во Куманово, Старо Нагоричане и Липково споредбено со првиот круг?

Сподели со своите пријатели

Заклучно 10 часот во Куманово гласачкото право го искористиле 6,15 отсто од граѓаните или вкупно 5.248 лица, што е незначително помала излезност споредбено со првиот круг, кога до истиот период гласале 6,69 отсто или 6.013 граѓани.

Loading...

Општина Старо Нагоричане бележи зголемена излезност. Таму во првиот круг излезноста била 4,87 отсто, додека денеска заклучно 10 часот гласале 5,08 отсто од граѓаните.

Поголема излезност се бележи и во Липково. Таму во првиот круг до 10 часот гласале 0,97 отсто од запишаните избирачи, а денеска во истиот период правото на глас го искористиле 2,92% од гласачите.

Leave a Reply