Како временските услови влијаат на нашето расположение: Кога има сонце сме повеќе нервозни!

Сподели со своите пријатели

Иако често се жалиме дека облачното и дождливото време ни го расипува расположението, некои истражувања покажуваат дека тоа не е толку точно.

Loading...

Тим британски психолози и невролози кои се занимавале со оваа тема во својата студија тврдат дека луѓето се почесто нервозни кога времето е сончево затоа што треба да поминат убав ден во канцеларија или на друго место.

Авторот на истражувањето д-р Франц Буш од Универзитетот во Вестминстер вели дека тоа го заклучиле врз основа на мислењата и однесувањето на околу 10.000 Британци, кај кои осцилациите со временските услови се многу изразени.

– Верувањето дека убавото време го подобрува расположението е само верување. Британците секојдневно доживуваат големи временски промени, но порастот и падот на температурата, како и дождот не влијаат на нивното расположение. Луѓето се повеќе нерасположени ако треба да поминат прекрасен ден во канцеларија или на работа – објаснува д-р Франц.