Како вакцинацијата влијае на „продолжен“ Ковид-19

Сподели со своите пријатели

Ако примате две дози од вакцината за ковид -19, го преполовувате ризикот од развој на „продолжен“ ковид ако се заразите со коронавирус, покажа новата студија.

Loading...

Студија спроведена од научници од Кралскиот колеџ во Лондон покажува дека шансите за појава на симптоми на ковид -19, кои траат подолго од четири недели, се намалуваат за 50 проценти кај вакцинираните луѓе, во споредба со оние кои не биле вакцинирани.

Многу луѓе кои заболуваат од ковид, закрепнуваат во рок од четири недели, но некои имаат симптоми кои траат со недели или месеци по првичната инфекција. Овој феномен е познат како продолжен ковид. Може да се развие дури и ако луѓето имаат само благи симптоми на коронавирус.

 

 

Научниците, чија работа беше објавена во списанието „Лансет заразни болести“, велат дека е јасно дека вакцинацијата спасува животи и спречува развој на тешка форма на болеста. Меѓутоа, ефектот на вакцините врз развојот на продолжен ковид е непознат досега.

Што покажуваат податоците?

Loading...

Тие ги анализираа податоците собрани од британската апликација Zoe Covid Study, која ги следи симптомите пријавени од луѓето, како и вакцинациите и тестирањата. Беше следен здравствениот статус на повеќе од 1,2 милиони возрасни лица кои примиле една доза од вакцината и 971.504 лица кои биле целосно вакцинирани.

Само 0,2 проценти од луѓето со двете примени вакцини рекоа дека се заразиле со ковид по вакцинацијата (2.370 случаи)

 

 

 

Научниците открија дека некои луѓе се изложени на поголем ризик од таканаречени пробивни инфекции (добивање на ковид по вакцината) отколку другите. Пред се, постарите лица и луѓето кои живеат во сиромашни области се изложени на поголем ризик, но и оние кои примале само една доза.

 

Loading...