Како се развивале селата во некогашната Општина Орашац?

Сподели со своите пријатели

Денеска Орашац е село на 12 километри од центарог на градот во кое останаа само старите лица и популацијата е во постојано опаѓање. Сепак, оваа село до пред 2004 година беше општина, а пред педесетина години беше место во кое животот врвеше и кога сите околни села кои гравитираа кон оваа општина се развиваа.

Во 1961 година во Орашац започнала изградбата на далекувод од Кумановска бања до селото, во должина од осум километри. Истиот чинел осум милиони денари, но сепак поголемиот дел од работите селаните ги извршиле доброволно. Далекуводот овозможил електрификација на Орашац и Шупли Камен веќе истата година, додека пак во 1962 година струјата пристигнала и во Скачковце, Колицко и други села кои гравитираат во тој регион.

Меѓутоа со доборовлна работа во Орашац била изградена и пекарница која имала капацитет за производство на 800 леба дневно.

Во 1961 година запонала и изградба на училиште во селото К’шање со 3 стана, 8 училници и помошни простории, а истата ја граделе мештаните на селата К’шање, Пезово, Кокошиње и Павлешенце. Училишната зграда чинела 22 милиони денари, но сета сума селаните ја дале како местен придонес, во материјали и доброволна работа.

Во почетокот на шеесеттите години на минатиот век била изградена и зграда за осумгодишно училиште во Студена Бара со шест училници, два стана, кабинети и други простории, во вредност од 21 милиони динари, од кои само еде милион дала општината, додека останатиот дел од средствата го обезбедиле мештаните.

Во истата година, во село Скачковце членовите на месната организација на Социјалистичкиот сојуз со доброволна работа изградиле селски водовод во должина од 1.000 метри. Водата ја спровеле до неколку чешми и во училишниот двор, изградиле и мост на селската река.

Проект на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ – Куманово за дигитализација на „Наш весник“
Извор: „Наш весник“ број 2 (петок, 10 ноември 1961. година)

Leave a Reply