Како природно да ги добиете сите бои за велигденските јајца?

Сподели со своите пријатели

Мислите дека не е возоможно да ги бојадисате јајцата без вештачки бои? Доколку ги испробате сите ови природни начини, ќе се уверите во спротивното.

Жолти јајца

За убава жолта боја потребни ви се лушпи од ореви кои е потребно да ги варите петнаесетина минути пред да ги ставите јајцата. Доколку сакате поинтензивна боја, додајде кора од портокал. Или испробајте на овој начин: во половина литар вода ставете неколку лажици кари, варете 30 минути, оладете, исцедете ја водата, па во изладената содржина ставете ги штотуку сварените јајца да отстојат еден час.

 

Loading...

 

Црвени јајца

Јајцата варете ги во водата во која сте ставиле корен цвекло, а может еи да ги варите со лушпи од црвен кромид. Во загреаните четири шолји вода додадете цвекло исечено на парчиња и две лажици оцет. Црвени јајца ќе добиете и ако ги варите во сок од вишни, а силно црвна боја во сок од малини.

 

 

Кафеави јајца

Омилениот и најстариот начин за фарбање на јајцата е во лушпи од кромид. Во куќата секогаш имате кромид и добро е да започнете да ги собирате лушпите неколку недели пред Велигден.

Ако заборавите, секогаш можете да го замолите продавачот на пазар да ви ги собере нивните корпи или купете 2-3 килогрмаи кромид, извадете му ја кората, а кромидот секако искористете го во следниот период. Што повеќе кромид тоа подобро.

 

Loading...

 

Во голема шерпа наредете ред кромид, ред јајца (кои стоеле на собна температура најмалку 24 часа пред варењето-, сипете лажица сол и лажица оцет и ставете на огин да зоврие се заедно. Кога ќе зоврие, намалете ја температурата и варете уште 15 минути. Добро е јајцата да бидат подобро сварени затоа што со денови ќе стојат на собна темпераутра.

Зелени јајца

За да добиете зелена боја најдобро е да користите свеж спанаќ. Исецкајте го и истолчет,е па превријте го како и претходните состојки. Убавата зелана боја ќе ја добиете и од кромид или коприва.

 

 

Портокалови јајца

Изрендајте морков (5-6 парчиња- па прелијте со малку вода и оставете да отстои неколку минути. Потоа сварете во 250 милилитри вода и ќе добиет еубава природна портокалова боја.

 

 

Сини јајца

Исецкајте и излупете листови црвена зелка. Потоа превријте во половина литар вода и оставете на лесна температура најмалку 30 минути. Додатете оцет и јајца.

Виолетово-сини јајца

Во врела вода додатете љубичици и неколку цветови зумбул, варете петнаесетина минути и потоа додатете ги јајцата. Доколку сакате јајца со боја од лаванда, тогаш измештајте шолја сок од грејпфрут и лажица оцет.

Loading...

Сините јајца ќе ги добиете на следниот начин: исечете главица црвена зелка со средна големина, прелијте со литар вода, варете, извадете ја зелката па додајте ги јајцата. За виолетова првин сварете многу силен чај од боровница, па во него сварете ги јајцата 15 минути на тивок огин.

Leave a Reply