Како навистина живеат децата на најбогатите луѓе во светот и колкаво е нивното наследство? (фото)

Сподели со своите пријатели

Животот на некои деца драстично се разликува од вообичаеното, бидејќи родителите им се најбогатите луѓе во светот.

Како на пример, децата на Бил Гејтс – одат на училиште, се занимаваат со спорт и поставуваат фотофрафии на Инстаграм, како и сите тинејџери. Меѓутоа, она што ги разликува од поголемиот дел е што нивниот татко има богатство од 90 милијарди долари, па со самото тоа не можат да избегаат од привилегиите.

Запознајте ги децата на светските милијардери.

Бил и Мелинда Гејтс

Овој пар има три деца: Џенифер, Рори и Фиби. Тие одлучиле своите 89 милијарди долари да ги вложат во хуманитарни цели, на што како тврдат, нивните деца се горди.

https://www.instagram.com/p/BAAcpE9S0FS/

Loading...

Највозрасното дете е Џенифер. Таа студира на Универзитетот Станфорд и член е на Американскиот коњанички тим.

И покрај тоа што татко и е најпознатиот технолошки могул во светот, Џенифер израснала дома, каде имала ограничен пристап до технологија.

 

 

Оваа дама (21) се забавува со египетскиот јавач на коњи, Најел Насар. Тој претходно студирал економија и менаџмент на Станфорд.

Најмладо дете е Фиби (15) која се уште оди во средно училиште. Во прашање е приватно училиште во Сиетл, каде годишната школарина е 33.000 долари.

https://www.instagram.com/p/BVm3EQ_D8FM/

Единствениот син на Гејтс, Рори оваа година заврши средно училиште. Неговата мајка Мелинда го опишува како сочувствителен, љубител на сложувалки и горд феминист.

Лари Елисон

Тој е соосновач на „Oracle“ и се женел четири пати. Со третата сопруга Барбара Бут има две деца. Таа децата ги одгледувала сама додека се уште биле мали.

Ги терала да извршуваат ситни задачи по домот и им давала џепарлак од пет долари, за да ги научи цврсто да стојат на земја, додека нивниот татко станувал се побогат. Тој моментално има богатство од 59 милијарди долари.

Елисон на својата ќерка Меган и дал повеќемилионско наследство кога наполнила 25 години во 2011-та. Таа парите ги вложиле за да основа сопствена фирма. Сега е еден од највлијателните независни филмски продуценти во Холивуд.

https://www.instagram.com/p/BPEVAXNgLsv/

Иако нема завршено школа за филм, имала десетина номинации за Оскар за кратки критички филмови. Во 2014 година доспеала на листата на Тајм за највлијателни луѓе во светот.

Нејзиниот брат Дејвид исто така е филмски продуцент и коосновач на „SkyDance Media“. Учествувал во изготвување на неколку значителни акциски блокбастери.

 

Loading...

 

Дејвид научил да управува со авион пред својот 16. роденден и сега има лиценца како комерцијален пилот, пишува британскиот „Бизнис Инсајдер“.

– Многу деца растат со големи привилегии. Дејвид бргу созреа и мислам дека тоа е поради летењето, рекол Елисон.

https://www.instagram.com/p/5uSKxOjc4q/

Џеф и Мекензи Безос

Основачот на „Амазон“ Џеф Безос и неговата сопруга Мекензи имаат тројца синови и една ќерка, оја наводно е усвоена од Кина. Имаат помеѓу 12 и 17 години.

И покрај богатството од 96 милијарди долари, Безос се нормално семејство, рекла нивната домашна пријателка за „Вог“.

Кога е во прашање едукацијата на нивните деца, мекензи признала дека испробале неколку различни стратегии: вонсезонски патувања, експерименти во кујната, часови по кинески јазик, математички програм, како и спорт со децата од соседството.

 

 

Ана Војчиски

Таа е коосновач на компанија за генетски тестирања „23andMe“, а со својот поранешен сопруг Сергеј Брин, коосновачот на „Google“ имале две деца. Сергеј Брин има богатство од 47 милијарди долари.

Ана неодамна признала дека своите деца Бени (9) и Клои (6), планира да ги држи подалеку од огромното богатство.

– Ако ги подигам децата, морам да се фокусирам на тоа да им покажам како изгледаат нормални животни ситуации, рекла таа.