Како еден кратер на Хаваите стана рај за авантуристите? (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Веднаш до падините на кратерот се наоѓа светилник изграден во 1917 година. Оваа област е омилена дестинација на туристите, особено на оние кои сакаат активен одмор на свеж воздух и пешачење.

Loading...

Овој стар вулкански кратер во форма на чинија се формирал пред околу 300.000 години по експлозивната ерупција на островот Оаху на Хаваите.

Тие го нарекуваат Diamond Head (Le’ahi) што значи Дијамантска глава.

 

Diamond Head crater in Hawaii

Posted by OMGFacts on Monday, January 4, 2016

 

Британските морнари го нарекле планината Diamond Hill во 1825 година откако откриле светкави кристали на вулкански калцит во песокот и погрешно верувале дека се дијаманти.

Хавајското име Le’ahi најверојатно потекнува од лае (наметка) и ‘ахи (туна) затоа што обликот на гребенот наликува на обликот на грбната перка од туна.

 

Loading...

 

Внатрешноста на кратерот и соседните надворешни области некогаш биле дом на првиот американски воен резерват на Хаваи. Денес, во кратерот се сместени Центарот за итни операции на Националната гарда и тунелот Бирхимер, како и седиштето на хавајската цивилна одбрана.

До 2007 година, Центарот за контрола на летање исто така бил таму.

 

 

Во 1968 година, дијамантската глава бил прогласен за национално природно обележје. Веднаш до падините на кратерот се наоѓа светилник изграден во 1917 година.

Loading...

Оваа област е омилена дестинација на туристите, особено на оние кои сакаат активни празници на свеж воздух и пешачење.

 

 

Пешачката патека околу кратерот, полна со нерамни карпи, е долга околу 2,5 километри и трае 1,5 до 2 часа. Исто така, оваа рута не е погодна за луѓе кои страдаат од клаустрофобија затоа што на патот кон врвот треба да поминете низ многу тесен тунел. Но, на крајот од тунелот има прекрасен поглед кој го одзема здивот со својата убавина.

На посетителите им се препорачува да носат квалитетни чизми за пешачење и фенерче.

Најтоплите месеци за посета на кратерот се јуни, јули и август – просечната температура во средината на август достигнува 34,7 степени.

 

Loading...

Leave a Reply