Како да препознаете дали местото во маркетите е расипано?

Сподели со своите пријатели

Силната црвена боја често може да ве прелаже, но сигурен показател е непријатниот мирис на месото. Меѓутоа, одиме од почеток.

Loading...

Кога го бирате местото, прво што треба да направите е да го погледнете датумот на производство, односно рокот на траење на месото. Бојата, како што веќе напоменавме, може да прелаже.

Светлоцрвената боја не значи дека месото е свежо, ниту темната не значи дека истото е расипано. Бојата зависи од изложеноста на кислород, но и топлината и светлото во продавницата.

Помирисајте го месото, тоа е најдобриот показател. Доколку мириста непријатно, не е добро за јадење, па колку и да ви изгледа свежо. Ако месото има слузова течност, тоа веројатно значи дека пактериите започнале да се размножуваат по површината.

Но, што е со месото под фолија? Продавниците имаат различни денови на пристигнување на свежа стока, па затоа е најдобро да се дознае информацијата од добри локални извори. Држете се до деловите од продавниците каде обично се наоѓаат свежи производи како што се овошје и зеленчук и свежа риба и месо.

Запакуваното место не го купувајте, ако рокот на траење е пред истекување. Интересно е што пилешкото, говедското и некои плодови мора да се пакуваат во амбалажа од стиро-пена. Под месото се наоѓа подлога која ја впива течноста која излегува од него. Имајте на ум дека вишокот на течности е показател за старост.

Ако месото се наоѓа на полиците веќе некое време, течноста сепак не мора да биде видлива, затоа што ја впива подлогата која се наоѓа во амбалажата.

Како тогаш да ја откриете сокриената течност? Притиснете го месото со прсти, ако е течноста испод ќе се покаже од страна.

Loading...

Leave a Reply