Како да им објасните на децата што е коронавирус?

Сподели со своите пријатели

Нема книги за тоа како да разговарате со децата за глобалната пандемија. Ние ви пренесува совети на тројца експерти, кои објаснуваат што да им кажете на децата за коронавирус, пишува „Гардијан“.

Loading...

Дали постои вистинско време да разговарате со вашите деца за коронавирус?

Избегале во планина да се спасат од коронавирусот, завршиле премрзнати и со казна (ВИДЕО)

Д-р Меделин Левин, психолог за деца: Штом вашето дете има прашања или забележува дека работите се поинакви, ќе треба да бидете подготвени да разговарате со нив. Прашањето е колку различно за да разговарате со 5-годишник и 15-годишник. Петгодишниците сè уште живеат во светот на магијата, работите се реални за нив на начин што не се за постари деца. Значи, вирусот е застрашувачка работа и тие не можат логично да размислат за тоа. Вашите говори нека бидат кратки… Тие генерално ќе забележат повеќе како се чувствувате отколку што им кажувате.

Може да кажете: „Сигурен сум дека си забележал дека сега работите се различни, дали имаш било какви прашања?“ Можете повремено да го користите ова едноставно, отворено прашање. На помладите деца не им треба многу информации, им требаат одговори на прашањата.

Што да направите кога детето ќе започне да се грижи за сопствената смртност или здравјето на нивните родители и баби и дедовци?

Им направи нови логоа на познатите брендови прилагодени на ситуацијата со коронавирусот

Левин: Децата имаат извонредна количина на делумни информации. Тие не разликуваат едноставни работи: многу болни луѓе немаат коронавирус; повеќето луѓе кои имаат коронавирус нема да умрат. Ако имате постари деца, одлична е можноста да работите со нив за тоа како да добиваат информации од медиумите, што се доверливи извори.

Loading...

Одговорот е: Не, нема сите да умреме. Може да кажете: „Имавме вакви проблеми и претходно, сите се трудат напорно да ги направт луѓето безбедни.“ Децата мислат дека сите болни ќе умрат од коронарнавирус, но повеќето пациенти имаат настинка или грип. Кога децата имаат седум или осум години, можете да започнете да се шегувате за тоа затоа што можат да размислат логично.

Се заразил со коронавирус од љубовницата, во карантин со сопругата

Д-р Ашанти Вудс, педијатар: Ако детето се плаши од тоа како коронавирост влијае на бабите и дедовците, родителите треба да бидат искрени. Може да им кажете: „Знаете, коронавирусот може да ги направи постарите луѓе повеќе болни од помладите луѓе, и затоа…“, а потоа додавате и здравствени совети, „Затоа треба да бидеме сигурни дека ги миеме рацете… Затоа кога киваме користиме чисто марамче… Затоа ги гледаме баба и дедо преку интернет “.

Како да му објасниме на детето за важноста на физичката дистанца?

Левин: Мислам дека начинот тотално зависи од возраста на детето. Повеќето деца на возраст меѓу седум и 11 години имаат навистина добра логика. Мислам дека треба да им се постават работите за да знаат дека е тешко сега, но можат да разговараат со пријателите преку интернет. Децата од таа возрасна група се заинтересирани да бидат од помош. Коронавирусот не им значи ништо, така да им кажувате за бактериите. Бидете сигурни дека тие знаат дека тоа нема да трае вечно. Ова ќе заврши, секоја пандемија и епидемија завршува. Од нас се бара да се грижиме за себе и за соседите три недели. Сите да се грижиме едни за други.

СВЕТОТ НАВИВА ЗА НИВ: Љубов во време на самоизолација (ВИДЕО)

Д-р Џошуа Клапов, клинички психолог: Основен концепт е да се избегнат капките од воздух или од површини. Затоа, објаснете им дека колку подалеку сме едни од други, толку е помала веројатноста да киваме, кашламе, па дури и да го пренесеме вирусот некому со дишењето. Тоа е едноставен концепт за сите возрасти – колку повеќе луѓе се држат настрана (и подалеку), толку е помала шансата да се разболат или да го пренесат вирус. Покажете им конкретно колку се два метри и објаснете им со слики и видеа како изгледа преносот преку капки, што ќе биде особено впечатливо за помладите деца, кои преку визуелизација ќе ја разберат смислата на физичката оддалеченост.

Како да се потенцира на малите деца важноста на миењето на рацете без да се создаде вознемиреност?

Loading...

Клапов: Научете ги децата, особено оние под 12-годишна возраст, дека миењето на раце не е нешто што го правиме само за да избегнеме вируси или болести. Ова е точно она што треба да го направите секој ден: пред и после јадење, пред и после одење во тоалет, кога контактирате со некого, допирате нешто, го допирате лицето… Објаснете им дека луѓето треба да го прават тоа секој ден. Откако ќе го разберат ова, потенцирајте им дека сега треба внимателно да ги миеме рацете, за да ги измиеме сите бактерии од рацете. Презентирајте ги овие однесувања како нормални, затоа што тоа е нормално хигиенско однесување, да ги зајакнеме децата затоа што тие генерално знаат како треба да го сторат тоа.

Бабички не сакале сами во изолација: Одлучиле да живеат заедно, а од залихи имаат вино (ВИДЕО)

Вудс: Можете да започнете со систем на наградување. Направете го тоа забавно, оставете ги да пеат некоја песна што ја сакаат додека мијат раце. За оние деца кои се нетрпеливи и хиперактивни, дезинфекцијата на рацете може да биде следната најдобра опција.

Како ги заштитувате вашите деца да не добиваат погрешни пораки од другите, како на пример кога американскиот претседател Трамп, вели дека Ковид-19 е „кинески вирус“?

Левин: Вирусите немаат националност. Може да прашате помали деца: „Каде го слушнавте тоа?“ Тоа е одлична можност да се поправи дезинформацијата.

Leave a Reply