Како бебе таткои ѝ ја посипал со киселина затоа што сакал син, нејзината приказна е неверојатна (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Анмол Родригез е обележана за цел живот уште кога имала само два месеци. Додека мајката ја држела во скутот, таткото и двете ги испрскал со киселина. Мајката ја убил, а девојчето унакажал.

Loading...

Живее во Мумбаи, Индија, каде собира средства за реконструктивна хирургија и води Фонцација за жртви од напади со киселина „Сахас“, која досега посредувала за вработување на 20 жртви и организирање раскошни свадби за нејзината пријателка.

– Го сакам својот живот онаков каков што е. Ниту еднаш не почиствував дека се разликувам. Можеби затоа што, откако знам за себе, имам само едно око и збрчкатна изпечена кожа, вели таа.

https://www.instagram.com/p/Bqo4X1yHWZm/?utm_source=ig_embed

Анмол вели дека фактот што се прифатила себе и помогнал да ја сочува надежта и самодовербата.

Кога починала мајка ѝ, пет долди години се лечела во болница, а лекарите и сестрите се грижеле за трошоците.

– Кога состојбата малку ми се поправи, ме дадоа во сиротиште, каде ми пружаа само љубов и разбирање, вели таа.

Признава дека другите деца во почетокот ги плашел нејзиниот изглед, но вели дека со време целосно ја прифатила и дека стекнала бројни другари.

Животот надвор од сиротиштето сепак бил тежок.

Loading...

Анмол била одличен студент, но јадела сама и немала со кого да зборува.

– На девојките им беше чудно што сакам мода и ги следам трендовите. Гледаа во мене и се прашуваа што е со моето лице, вели таа.

https://www.instagram.com/p/Bp3805pHojY/?utm_source=ig_embed

Бидејќи пред две години завршила колеџ, го напуштила сиротиштето и изнајмила стан.

Идеите за сценографија на шоу програми и носи заработка од 130 евра месечно – дел од тие пари ги троши на гардероба, а остатокот го вложува во фондацијата.

Соработува со други жени лидери на кампањи и политичари за да вработи жени кои доживеале слична судбина како нејзината.

Би сакала да стане модел, а веќе добила понуда од двајца креатори да го рекламира нивниот накит на Инстаграм.

– Се надевам дека ќе инспирирам други жени жртви на напади со киселина да не се кријат под велот, туку да веруваат во себе и гордо да чекорат низ животот. Киселината може да ја промени нашата надворешност, но не и нашата душа. Од внатре и натаму сме истите личности и треба да се прифатиме какви што сме и да живееме среќно, рекла таа.

https://www.instagram.com/p/BnibdgZBEX6/?utm_source=ig_embed

Leave a Reply