Кадиров ги испраќа своите специјални сили во Украина

Сподели со своите пријатели

Борците на чеченската интервентна единица на чеченската полиција Ахмат-1 се испратени во зоната на специјални воени операции, соопшти чеченскиот лидер Рамзан Кадиров.

Loading...

„Припадниците на интервентната полициска единица Ахмат-1 на Националната гарда на Република Чеченија почнаа да ги заменуваат своите соборци во зоната на специјални воени операции. Единицата вклучува борци кои имаат големо искуство во воени операции“, објави Кадиров на својот канал Телегран, пренесува ТАСС.

Чеченскиот лидер потсети дека многу борци во оваа единица претходно биле ангажирани во специјална воена операција, за ослободување на стратешки објекти и населби во Донбас.

„Чеченските борци имаат се што им е потребно за извршување на оперативните мисии, од целосна борбена готовност до напредна опрема и оружје“, рече Кадиров.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.