Јункер ја повика Приштина да ги подобри односите со Белград

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер ги повика властите во Приштина да ги подобрат врските со Белград и да го ратификуваат договорот за демаркација со Црна Гора, пренесуваат медиумите.

Се наведува дека Јункер рекол дека врските на Косово и Србија се од фундаментална важност за патот кон Европа.

РТК на српски јазик пренесува дека Јункер во присуство на високата претставничка за надворешната политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини и комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан, во рамките на првата посета на Приштина се сретнале со претставници од косовксата влада и дека разговарале за разграничувањето на Црна Гора, борбата против организираниот криминал и корупција како приоритети за услови за добивање на визна либерализација.

Косовскиот претседател Хашим Тачи на заедничката прес конференција со Јункер изјавил дека очекува ЕУ, односно Могерини да преземе улога која и следува, за да дијалотог на Белград и Приштина кој се одржува во Брисел продолжи што поскоро. Тачи изнел тврдења дека институциите во Приштина се посветени за продолжување на дијалогот, затоа што, како што рекол, тоа е во интерес на двете држави.

Leave a Reply