ЈП „Чистота и зеленило“ ќе ја издава парастос салата

Сподели со своите пријатели

Јавното претпријати „Чистота и зеленило“ во иднина ќе ја издава под закуп парастос салата, одлучи вчера Советот на Општина Куманово.

Со одлуката која помина без расправа од страна на членовите на Советот, значи дека овој простор ќе се издава со електронско наддавање по цена д 67.800 денари месечно, односно 800.000 денари на годишно ниво.

Ваквата одлука од претпријатието ја образложуваат со фактот дека поради долгите тендерски постапки не се конкурентни на пазарот, па повеќе можат да заработат од кирија.

Петмината вработени ќе бидат распоредени во другите оддели.

Leave a Reply