Јавниот долг на Србија достигна 35,42 милијарди евра

Сподели со своите пријатели

Јавниот долг на Србија на крајот на октомври годинава изнесувал околу 35,42 милијарди евра, што е 51,6 отсто од бруто домашниот производ (БДП), соопшти Министерството за финансии на земјата.

Loading...

Јавниот долг на крајот на септември изнесувал 35,46 милијарди евра или 51,3 отсто од БДП, пренесува Бета.

Јавниот долг на Србија на крајот на 2022 година изнесува 33,33 милијарди евра или 55,1 отсто од БДП.