„Јас сум жената на која и се смеевте“: Тажна приказна зад навидум смешна фотографија

Сподели со своите пријатели

Џенифер Кнап Вилкисион е Американка која има проблеми со гојазноста, а станала позната ширум светот поради фотографијата на која сите и се исмевале.

Се започнало кога на интернет била објавена фотографија од продавницата „WalMart“ во која Џенифер заминала на пазарење. Во моментот кога се свртела да земе производ од полицата, паднала од моторот дизајниран за лица со потешкотии во движењето. Наместо да и помогнат, била изложена на потсмев, сите се потсмевале и ја фотографирале, а потоа објавиле на интернет.

Една од фотографиите станала толку популарна што била една од познатите интернет мимови. Сите се смееле поради тежината и ликувале што е тоа што ја „каснало за задникот“. Џенифер која е мајка на две деца останала шокирана кога видела коментари, па после многу размислувања одлучила да одговори на сите што и се потсмевале.

Јас сум жената од фотографијата и еве за што станува збор – гласел насловот на текстот на еден сајт за кој прифатила да зборува.

Како што пишуваа таа пати од состојба која се нарекува спондиолистеза која настанува кога еден пршлен се помера преку друг. Тоа се случува во долниот дел од ’рбетниот столб и предизвикува голема болка. Таа вели дека гојазноста е резултат на болеста од која боледува.

Кога стојам моите нозе стануваат немоќни. Често паѓам поради губење на чувство – признала.

Фотографијата станала хит во 2012 година, а тоа било време кога имала најмалку самодоверба. И натаму се сеќава на ужасниот момент кога се обидела да земе сок од полицата за својот сопруг и паднала. Уште полошо е што го слушнала смеењето околу себе.

Навикната сум да ги слушам луѓето како ми се смејат и дофрлуваат. Но, навистина не очекував дека некој ќе ме фотографира и од тоа ќе направи сурова шега на интернет. Среќна сум само што не ми се гледа лицето. Следниот пат кога ќе видите фотографија на која некого исмеваат сетете се дека не знаете ништо за таа личност и борбата низ која секојдневно минува – рекла таа.

 

Loading...