Јапонска сонда ќе слета на астероид

Сподели со своите пријатели

Јапонската вселенска сонда се подготвува за слетување на астероид на околу 280 милиони километри од Земјата.

Loading...

Јапонската вселенска агенција денеска соопшти дека леталото „Хајабус 2“ започнало да се доближува во 13:!5 часот по локално време.

Почетокот на приодот е одложен за околу пет часа поради безбедносни проверки, но сондата ќе се приземји на стероидот според планот, утре наутро.

„Хајабус 2“ ќе се обиде од астероидот да собере примероци кои би можеле да дадат податоци за потеклото на Сончевиот систем и животот на Земјата.

Слетувањето ќе бара голема прецизност. Сондата треба да се спушти на простор широк шест метри за да избегне пречки на површината на астероидот.

Тој астероид има радиус од околу 900 метри и наречен е Рјугу, според подводната палата од јапонската народна приказна.

Leave a Reply